Перо се обидува да го убие 'Д'

Не, не е некој Перо. и 'Д' не е кодно име за некој Дерек, Драгољуб или Дончо. Перото е она што пишува со мастило, а 'д' е онаа буквата, во случајов латиница.

 

„Д" е всушност краток хорор филм, произведен во соработка меѓу две студија од Венецуела - Chiguire Animation и Closed Eye Visuals, режиран од Рафаел Веласкез Стенбери.

Откако перото се напива малку повеќе од мастилото, почнува да прави р'шум по страниците. Први страдаат a, b и c, но d некако успева да одолее, па дури и да ги освети другарите. Не знаеме дали во тоа има некоја симболика - д како демократија, добрина, десетка со кромид. Како и да е, филмов некако е со хепиенд.

3 мај 2012 - 08:30