На локалниот сајт за аукции МеркадоЛибре, пакетче од 36 Тројан кондоми се продава за 4.760 боливари, околу 755 долари по официјален курс. Минималната плата во земјата е 5.600 боливари. Во аптеки нема.
Кризата во земјата се случува по падот на цените на нафтата, од чија продажба доаѓаат околу 95% од приходите во странска валута. Според процените на Банката на Америка, Венецуела годинава ќе има 42-проценти помалку увезена стока во долари.
Токму недостатокот на долари кај увозниците е причина за недостатокот и високите цени на кондомите (и сите слични производи). Кондомите ги снемува од аптеките уште во декември, кога владата ја ограничува распределбата на долари заради падот на цената на нафтата. Во ноември во 10 различни апотеки низ Каракас се достапни 20 видови кондоми, кон крајот на јануари, ниту една од овие десет нема ни примерок.