Покрај недостатокот на пилешко, шеќер, лекови, тоалет хартија и други основни производи, жителите на Венецуела не можат да најдат ни кондоми, а и да ги најдат исто им е, пакет кондоми чини 755 долари.
Речиси сме сигурни дека Дурекс нема поим за тоа кој е нашиот сленг израз за нивниот производ, кога одлучил да поврзе реклама за кондоми со фудбалери кои лажираат фаул. Карма, колку толку.
На фотографијата препознавате кондом кој е разбирлива опрема за заштита при работа на оние кои лебот го вадат снимајќи порно во ерата на АИДС-от. Се разбира дека го препознавате и ова другово. Очила, исти како кај металостругари, дрвосечи и слично. Да, да, со иста намена - да не прска.
Новиот закон за порно бара од сите актери да носат кондоми. Ова пак бара сите порно филмови да бидат прегледани од полицијата, за да заклучат дали овие првите користат кондоми.