Едноставниот гаџет кој има спасено безброј животи ја чека својата следна генерација со помош на фондацијата на Бил Гејтс и понудата од 100.000 долари оној на кого ќе му текне како ова парче облека да биде подобро, поефикасно, полесно за користење и сл.
Фондацијата не дава прецизни упатства во кој правец го гледа развојот на кондомите но сепак потсетува дека во игра се концепти кои можат да ја зголемат нивната употреба, како и дизајни и пакувања кои ќе ја олеснат употребата. Ако концептот по кој се трага успее да надмине некои културолошки бариери во врска со користењето на кондомите, уште подобро.
Претходно, Бил Гејст понуди значајна сума за апгрејд на тоалетите, барајќи концепт на тоалет кој нема да зависи од централна канализација или електрилна енергија а ќе помогне во решавањето на глобалниот проблем на недостаток на пристојни санитарни услови во сиромашните земји.