Таг: бил гејтс

Како СЗО стана зависна од Бил Гејтс

Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс - која се држи стамено иако нејзините основачи се разведоа после 27 години брак - призна дека било грешка што зазеле толку голема улога во Светската здравствена организација. Покрај сите оние пребогати држави на светов, оваа фондација е втор најголем донатор на СЗО.

Бил Гејтс не штеди милиони за чипирање мозоци

Бил Гејтс и Џеф Безос се впуштија во натпреварувањето за тоа кој прв ќе стигне до микрочип наменет за во глава. За да им се помага на парализирани лица. Илон Макс тврди дека е на шест месеци до целта и има мајмуни да го потврдат тоа. Додуша, некои не издржале долго. 

Бил Гејтс има една, да речеме, добра, и една многу полоша вест

Добрата е дека излезе дека ковид-19 благодарејќи на омикрон е на пат сам себе да се реши, лошата е дека очекува и бетер пандемии.

За Бил Гејтс никогаш не е доволно лошо

Да не биде после дека само тој знаел, Бил Гејтс алармира дека нè чека бетер пандемија, и наместо уште една идна несмасна реакција како за коронавирусот, владите уште од сега да почнат да инвестираат милијарди долари во борба против идни вируси и зголемување на производството на вакцини.

Вечна пандемија е вистинскиот криминал на Бил Гејтс и фармацевтската индустрија

Делта која со месеци го коси светот потекнува од Индија. Нејзиниот наследник омикрон потекнува од Боцвана и Јужна Африка. Индија и Јужна Африка повеќе од една година молат за ослободување на патентите на вакцините за да  произведуваат генеричка верзија. Бил Гејтс, фармацевтите и Западот  една година не дозволуваат.

Мелинда Гејтс од 2019 се гледала со адвокати за развод

Откако во јавноста се појавуваат информациите за контактите меѓу Бил Гејтс и Џефри Епстин, Мелинда од гнев кон сопругот почнува да се консултира околу потенцијален развод.

На Гејтс му е непријатно што Трамп доживотно е протеран од Твитер

Иако застапник на ставот дека големите технолошки компании треба да преземаат мерки за елиминирање на „дезинформациите“ на нивните платформи, Бил Гејтс верува дека протерувањето на Трамп од Твитер не е соодветно, и дека треба да се зборува за тоа.

За богатите светот ќе се врати на нормала кон крајот на 2021, за другите здравје

На богатите држави им е потребно само да профункционира вакцината против ковид-19, за тие да почнат да се приближуваат на нормалата од пред пандемијата, смета Бил Гејтс.

Европскиот шампион од Ливерпул не верува во корона и му пишува на Бил Гејтс

Хрватот Дејан Ловрен ја продолжи спортската традиција која ја започна Новак Ѓоковиќ и имаше нестандарден јавен испад за коронавирусот.

Перверзијата да се биде Бил Гејтс

Човекот помага повеќе од речиси кој било друг милијардер, но во исто време упорно останува милијардер и не секогаш по своја вина или труд.

Наивна 1996

Годината е 1996, Тери Прачет во име на Џикју магазин го интервјуира тогаш најбогатиот човек на светот и олицетворение на компјутерската револуција, Бил Гејтс. Го прашува и за чудесијата по име интернет, и споделува една крајно опскурна идеја во тоа време - а што ако некој излаже на интернет? На Гејтс не му се верува дека такво нешто би можело да се случи.

Ни Бил Гејтс не сака 70% данок

Човекот кој своето богатство го вети на решавање глобални проблеми иако е сложен дека треба даночната стапка во САД да биде попрогресивна (повисока), сепак не е лагоден со бројките што ги спомнуваат некои „екстремни“ политичари како Александрија Окасио-Кортез и нејзините 70% данок за богаташи. Според него „не е тоа поентата“.

Бил Гејтс не може да стигне да раздаде толку пари колку што заработува

Проблемот на Гејтс е што упорно троши пари на своите непрофитни хуманитарни проекти, а неговото лично богатство и понатаму упорно се зголемува.

Бил Гејтс: Ако сакате да ја разберете Силициумската долина, гледајте ја „Силициумската долина“

Имајќи го предвид огромното влијание што Силициумската долина го има врз нашите животи, изненаден сум од тоа колку ретко таа е прецизно претставена во поп-културата. Би можел на една рака да ги избројам најдобрите примери, пишува Бил Гејтс.

Што ми се допаѓаше кај Пол Ален

Збогување на Бил Гејтс со својот пријател и ко-основач на Микрософт, Пол Ален.

Носталгија за милијардери

На што се радуваат двајцата најбогати луѓе на светот? Колку добри бонбони имале кога биле мали, мислиш цел живот на Краш 505 растеле.

Како Бил Гејтс го замислува светот во 2030

Годинава фондацијата на Гејтс наполни 15 години постоење и работа. Што направија, направија за овие 15 години, за следните 15 тие избраа четири главни теми за работа: здравје, образование, земјоделство и банкарство. Неговиот став е дека во следните 15 години животот на најсиромашните ќе се подобри повеќе отколку кога и да е претходно. Бонус препорака од Гејтс за сиромашните: не се крстете во биткоин.

Бил Гејтс против цени од супер-маркет

Откако внесе компјутер во секој дом низ светот, па се запна и ја порази маларијата, сега Гејтс треба да се соочи со еден од своите најголеми предизвици - да погоди цени на пет секојдневни производи од супер-маркет.

„Просветителство сега“ - нова книга на Стивен Пинкер

„Просветителство“ ни асоцира на мртви бели мажи со перики. Но за Пинкер, вечниот оптимист, ова не е одамна минат и заборавен период од човечката историја, туку претставува збир вредности кои ги почитуваме и во 21 век, иако можеби не сме свесни за тоа. Да, а?

Бил Гејтс купи земја за да изгради град

На неполн час возење од Феникс, Бил Гејтс купи земјиште со површина од 101 километар квадратен (нешто повеќе од Центар, Карпош, Кисела Вода и Аеродром, заедно) за да создаде сопствен паметен град.

Бил Гејтс предлага роботите да плаќаат даноци

Од неколку различни страни доаѓаат решенија за едно од најнеизвесните прашања на блиската иднина (а не е што ќе пресече факинг ДУИ): кога роботите ќе го преземат производството, од кај ни нас пари да го купуваме она што тие ги произведуваат?

Што е проблемот со фондацијата на Гејтс и Бафет

Во 2010-та кога Бил Гејтс и Ворен Бафет ја објавуваат 'Giving Pledge' иницијативата за раздавање на своето богатство, германскиот милионер Питер Крамер, излезе во Шпигел за да објасни зошто не се приклучил на идејата на двајцата милијардери.

Првото вработување на Бил Гејтс

Човекот што денес се бори со решавање на проблемот со маларија, сиромаштија, наоѓање на чиста енергија за иднината и преземање на слични суперхеројски подвизи, во едно опсежно интервју за Атлантик меѓу другото зборува и за неговото прво вработување. Почнал на 16 години.