Објаснувајќи дека голем дел од тоа што Трамп го пишува и изјавува по изборите во 2020 „е корозивно“ сепак според Гејтс „идејата дека за тоа ќе завршиш со доживотна забрана, изгледа како нешто за што треба да се зборува.“
„Не сакаме поделба и да имаме социјална мрежа за едната партија и социјална мрежа за другата. Сакаме заедничко тло на кое ќе разменуваме идеи и мислења,“ изјавува основачот на Микрософт.
Твитер минатиот месец трајно ја суспендираше сметката @realDonaldTrump а како причина за тоа наведе „ризик од понатамошно поттикнување на насилство“. На ова претходеше насилниот упад на симпатизерите на Трамп во Капитол хил.
И Фејсбук го суспендираше профилот на Трамп, меѓутоа во нивниот случај тоа беше само на неодредено време, а не трајно како Твитер.
„Мора да постои некој начин, меѓу владата и добронамерните актери, на кој ќе се повлече линија за да можеме да имаме отворена дебата без корозивните делови,“ порачува Гејтс.