Не споредено со ковид, туку со двете негови најзаразни варијанти, делта и омикрон, Гејтс предвидува дека светот ќе се соочи со уште потежок патоген кој ќе предизвика далеку повисока стапка на починати и болни.
„Кога зборуваме да потрошиме милијарди за да спасиме... илјадници милијарди економска штета и десетици милијарди животи, тоа е прилично добро осигурување,“ изјавил Гејтс.
Очекуваниот ќар од подготовките за идните пандемии е што по пат би можеле да се најдат и вакцини против ХИВ или подобри вакцини за туберкулоза и маларија.
И покрај тоа што беше човекот што лично се залагаше пред СТО и американската влада да не се укине патент заштитата на најпотентните вакцини против ковид како тие би можеле генерички да се произведуваат, Гејтс сега зборува дека освен истражување пари ќе треба да се вложат и во зголемување на производствените капацитети.