Книгата „Fire in the Valley“ заврши одлична работа за претставување на тоа какви беа работите на почетокот, и односот меѓу Стив Џобс и мене. (И беше направен одличен филм од тоа.) Биографијата на Стив од Волтер Исаксон беше извонредна, а јас бев воодушевен од тоа колку многу историја и технички информации се собрани во книгата „The Innovators“.
Но ако навистина сакате да разберете како Силициумската долина денес функционира , тогаш треба да ја гледајте серијата на ХБО „Силициумска долина“.
Се работи за мал тим програмери во интернет стартап наречен Пајд пајпер. Ги гледаш како се измачуваат додека се обидуваат да ја утврдат својата стратегија, да го изградат својот производ, да соберат пари, и да се изборат со Холи, технолошки гигант кој има очигледна но површна сличност со Гугл или Микрософт.
Серијата е пародија па претерува во претставувањето на работите, ама како и секоја добра пародија и оваа опфаќа многу вистини. Најголемиот дел од различните типови на карактер што ги гледате во шоуто ми се многу познати. Програмерите се паметни, супер-компетитивни дури и со нивните пријатели, и малку неупатени кога се во прашање социјални интеракции. Лично, јас најмногу се идентификувам со Ричард, основачот на Пајд пајпер, кој е одличен програмер ама мора да научи некои тешки лекции околу менаџирање луѓе.
И иноваторите се добронамерни но склони кон претерани изјави за сопствената визија. Дури и голем верник во технологијата како јас не може да не се насмее кога некој лик зборува како тој ќе го промени светот со апликација која ти кажува дали тоа што го јадеш е хот-дог или не.
Прецизноста е заслужена. Продуцентите и сценаристите пред секоја сезона на шоуто прават обемни истражувања. Минатата година јас бев еден од неколкуте луѓе со кои тие се состана за да разговараат за историјата на индустријата и да разменат некоја од нивните идеи за 5-та сезона. (Ама не ми пуштија никакви спојлери.)
Имам пријатели во Силициумска долина кои одбиваат да го гледаат шоуто затоа што мислат дека тоа ги исмева нив. Секогаш им кажувам: „Стварно треба да го гледаш, затоа што не нè исмеваат ништо повеќе отколку што заслужуваме.“ Можеш да веруваш, како и јас, дека технолошките компании навистина го подобруваат животот со неверојатни алатки и исто така да признаеш дека понекогаш, кој ќе победи а кој ќе загуби е прилично произволно. Некој добива идеја која е речиси добра, ама не баш целосно, и нивниот бизнис ќе пропадне; потоа некој друг добива нешто подобро идеја и него го сметаат за гениј до крај на животот. И шоуто тоа одлично го претставува.
Имам една мала примедба. „Силициумската долина“ ти остава впечаток дека малите компании како Пајд пајпер главно се способни, додека големи компании како Холи се претежно неспособни. Иако јас сум очигледно пристрасен, моето искуство е дека и малите компании можат да бидат подеднакво неспособни, и големите да имаат доволно ресурси за да инвестираат во длабоки истражувања и да заземат долгорочно гледиште кое малите не можат да си го дозволат. Но јас исто така разбирам зошто шоуто толку се фокусира на Пајд пајпер и зошто Холи изгледа толку смешно. Секогаш е позабавно да навиваш за аутсајдерот.
Ги изгледав сите епизоди на првите четири сезони и сега ја минувам петата, која заврши во мај. Прочитав дека авторите на шоуто првично планирале да има 6 сезони, но сега се отворени кон повеќе. Се надевам дека ќе продолжат. Ќе продолжам да гледам се додека тие го прават ова пресмешно шоу.