Таг: серија

Која беше првата серија продуцирана од Нетфликс?

Да речеме дека сте ја гледале „Сопранови“ и ви е скапоцен камен во круната која ја сочинуваат сите серии на сите времиња. И да речеме дека омилен лик ви бил Силвио Данте, оној со вечно намрштената фаца со талент на имитирање ликови од „Кум“. Е сега замислете серија после оваа во која тој игра поранешен мафијаш. Ама во Норвешка. Или не сте ја гледале, или сте сакале да ја заборавите. 

„Снус“ или што научивме од една данско-шведска серија

„Мостот“ (Bron/Broen) е одличен скандинавски трилер кој би можел да се коментира од социо-политички, психолошки и други агли. Но во моментов нè интересира нешто друго - што е она што го става под горната усна главната инспекторка?

Нежната уметност на шведското претсмртно чистење

Во 2018 излезе англискиот превод на книга чиј поднаслов е „Како да се ослободиш од глупости што си ги собирал целиот живот“ на шведската авторка Маргарета Магнусон. Иако звучи како уште еден практичен и несентиментален пристап кон средување на куќата, таа, како и новата серија поврзана со неа, имаат посебен, скандинавски шарм.

Оскар Ајзак ќе го игра Курт Вонегат во нова серија

Се вика „Хелтаун“, во моментов се развива од Амазон, а ќе се состои од 8 едночасовни епизоди во кои главната улога ќе ја игра дечкото кого почнавме да го почитуваме не толку од „Стар Ворс“ или од „Екс Макина“, колку од неправедно потценетиот филм на браќата Коен, „Во главата на Луин Дејвис“. 

Вистинската зомби-габа - инспирација за серијата „Последните од нас“

Луѓето веројатно никогаш нема да се соочат со габична апокалипса, но светот на инсектите може да биде под сериозна закана. Внимавајте на клучниот збор - „веројатно“.

Зошто Кери Бредшо носи Форевер 21?

Почнаа да излегуваат слики од снимањето на втората сезона на „И едноставно така...“ и гледачите се нешто збунети.

Трејлер за „Емили во Париз“ - трета сезона

Ќе нè мачат со туфкање дали да работи за една, или за друга фирма, меѓу другото.

Уште подраматични умирачки во новата „Сквид Гејм“

Што ново ќе се гледа во втората сезона?

„Борген: моќ и слава“ или политички интриги со вкус на нафта

Политичката драма која прв пат се прикажа во Данска во 2010 имаше три сезони, а во моментов на Нетфликс се прикажува четврта, која додуша оди под засебно име. Уште тогаш, пред дванаесет години, беше јасно дека креаторот Адам Прајс има некаква способност да ги предвиди (или да влијае) врз политичките настани во земјата. Сега некои референци исто така бизарно оддекнуваат, иако не се нужно поврзани со реални настани. 

Иде нова серија што изгледа мора да се гледа

Кристен Виг, Рики Мартин, Лора Дерн. Како да не се гледа?!

„Roar“: Феминистички бајки и врвна екипа

Минатиот викенд, на Епл ТВ се појави Roar. Уште кога се најави, имаше многу реакции - антологиска серија од 8 дела со Никол Кидман, Бети Гилпин, Синтија Ериво, Алисон Бри и Мира Сиал, меѓу другите. Уште повеќе се зголемија очекувањата кога се разбра дека епизодите се адаптирани по колекција од раскази со истиот наслов, чиј автор е Сесилија Ахерн (од P.S. I Love You).

„Ај ма да те прајме турска глумица“: интервју со Билјана Јовановска за нејзината улога во нова турска серија на Нетфликс

Во моментов на Нетфликс оди турска серија во осум продолженија која не е онаква, „жалопојна“, каква што обично подразбираме под овој термин. Панкери, конзумеристичко општество кое не може да ги доброи своите жртви, семејство во кое сите имаат некаква тајна која ги јаде од внатре. И среде сето тоа, македонска актерка која глуми на турски. Добар почеток за една интересна приказна. 

Ве интересира од каде доаѓа Пенивајс?

Сега ќе има origin story серија.

Нетфликс спрема серија за U2

Проектот е во рана фаза, а се спомнува и името на Џ. Џ. Абрамс.

Серија што НЕ мора да ја гледате

Кај е глупо, па уште и најбезобразно до последна епизода те лаже дека не е.

„Следоред“ или феноменот на фасцинираност од одвратни ликови

На вчерашното (9.10) доделување на Златните глобуси, серијата која кај нас е преведена со необичниот термин „Следоред“ (Succession) беше номинирана во неколку категории, а доби Глобус за најдобра серија од жанрот драма. Иако не е ни прва ни последна чии ликови се морално сомнителни, оној кој ќе заглави до доцна ноќе гледајќи ги „византиските“ сплетки на семејството Рој, чии членови си се пострашни внатрешни душмани од оние надворешните, не може а да не се запраша - зошто побогу го гледам ова?

Гледавте втора сезона „Емили во Париз“?

Втората сезона на една од најгледаните серии минатата година дојде со послабо сценарио од првата, вети подостојно прикажување на реалноста во Париз и француската култура, а публиката доби ново емилизирање на светот и уште затрупување со шаренило наместо суштина. Дали тоа значи дека овој пат беше тешка за гледање и ме мачеше со денови? Се разбира дека не, ја изгледав за една вечер.

„Лигња“ - нова криптовалута инспирирана од Сквид Гејм

Веднаш по веста дека на пазарот на криптовалути излезе нова под името Сквид, нејзината цена порасна од 1 цент (на 26.10) на 2,34 долари (денес, 29.10). Се проценува дека нејзиниот вкупен обем на пазарот е околу 184 милиони долари. 

По 28 и пол години прекината грандиозна серија на Шпанија

Викинзите од Шведска веќе по којзнае кој пат се покажуваат како тврд орев за фудбалската репрезентација на Шпанија. Во четвртокот вечер во Стокхолм домаќинот славеше 2-1 и прекина една децениска серија на „фуријата“.
 

Чудниот случај на „Херлок Шолмс“

Оние кои ја гледале втората сезона на „Лупен“ сигурно забележале во кадар една книга со необичен наслов. За него има исто толку необична приказна.

Дени Бојл ќе режира серија за „Секс пистолс“

„Пистол“, која ќе почне да се снима во март 2021, ќе се состои од шест дела, а ќе биде базирана на мемоарот на гитаристот на бендот, Стив Џонс.

Тажната, вистинска приказна за братучетките на кралицата Елизабета

Серијата The Crown, не е само парада на скапи тоалети и ентериери, туку е и прилично остра и информативна кога станува збор за историските детали. Помеѓу нив приказната за Нериса и Кетрин Боус-Лајон.

Колку е реален шахот во серијата „Дамски гамбит“?

Мини-серијата на Нетфликс е приказна за созревање на девојка која станува толку јака во шах што почнува да се натпреварува со најдобрите мажи во земјата. Бет Хармон е трауматизирана, навлечена на таблети, убава и остра како брич. Но колку е реален шахот што го игра во серијата?

ХБО почнува серија со „успокојувачки“ нарации

„Светот на спокојството“ ќе понуди приказни и слики кои ќе се обидат да го намалат стресот и хаосот на времињата во кои живееме. Богами, потребни ни се.