Абрамс ќе биде извршен продуцент, со неговата продукција Бед Робот, а сценариото ќе го пишува Ентони Мекартен од „Боемска рапсодија“. Нејасно е колку и дали Ју-ту ќе бидат инволвирани во проектот.
Учеството на Мекартен носи шпекулации дека серијата ќе ја претстави приказната за бендот, од нивните најрани денови. Сепак, никој сè уште не дава коментар.
Инаку, Ју-ту се формирани во 1976 и имаат 14 студиски албуми и 22 Греми награди до сега.
Сценаристот Мекартен е познат по биографски филмови и два пати е номиниран за оскар за најдобро адаптирано сценарио - еднаш за филмот за Стивен Хокинг, друг пат за „Двајцата папи“ со Ентони Хопкинс.
Додека се мислите дали ви се гледа серија за Ју-ту, ако ви фали мотивација, Мекартен има учествувано и на „Најмрачниот час“ (за Черчил) со Гери Олдман.