Рики Мартин не бил на телевизија од „Убиството на Џани Версаче“, ама сега Епл ТВ+ го ангажира за комедија: Mrs. American Pie.
Ќе ја режира Тејт Тејлор, ќе има 10 епизоди и ќе биде според книгата Mr. and Mrs. American Pie на Џулиет Мекданиел.
Се работи за жена со име Максин Симонс (Кристен Виг) што сака да се избори за позиција во високото добро утро на Палм Бич во 1970-те. Според кратката содржина:
„Како што Максин се обидува да ја помине непремостливата линија на битните и небитните, серијата ги поставува прашањата што и ден-денес нè збунуваат: Кој ќе седне на масата? Како се стигнува до место на таа маса? Што ќе жртвуваш за да дојдеш до него?“
Освен Рики Мартин, доаѓа Алисон Џени, Џош Лукас и Лора Дерн, што значи, уште еднаш, ова ќе мора да се гледа.
Уште немаме датум, ама навикнати сме.