Оживувањето на филмовите It на хорор-фановите им овозможи бескрајни теми за дискусија и долго-посакувани плашења во кино. Приказната следи љубопитни деца во мало место во Америка што му паѓаат во раце на озабениот кловн-убиец Пенивајс и новите верзии направија лом на бокс-офис, со заработени над 1 милијарда долари. Сега има гласини дека приказната ќе добие приквел - што се случило пред да се случат гадотиите што ги изгледавме или ги исчитавме кај Стивен Кинг?
Она што се знае е дека Ворнер Брос работат на серија што треба да излезе на ХБО Макс, а ќе нè врати на почетокот на приказната за Пенивајс, сместена во ’60-те, кратко пред настаните во првиот дел. Тенденциозно е насловена како „Добредојдовте во Дери“.
Во моментов, трендот е тој: приказни за потеклото, спинофи, продолженија и екранизации на она што било пред тоа што ние сме го научиле преку книга или филм. Веќе се работи на „Вонка“ со Тимоти Шаламе, се зборува за серија за Пингвин на Колин Фарел, и за „Дина: Сестринството“.
За „Добредојдовте во Дери“ сè уште не се објавени глумци, но го пишува режисерот на новиот It.