Почна како приказна што нема потреба од продолжување, ама кој е будала да губи пари. И Нетфликс веќе пушта тизери, а се зборува дека и некои од актерите што играа ликови што загинаа можат да се вратат во нешто што се спрема и што ќе се вика Сквид Гејм-филмски универзум. Како на Марвел.
Досега се знаат само неколку спорадични детали. Креаторот на шоуто, во едно интервју кажа дека има три страници идеи што ќе ги искористи за новата сезона, навестувајќи дека сѐ уште е во зачеток и ќе трпи промени. И вака вели:
„Човештвото повторно ќе биде ставено на тест со игрите… Сакам да прашам, дали е можна вистинска солидарност меѓу луѓето?“
Не се знае дали ова значи дека натпреварувачите во новата игра ќе треба да работат заедно и дали ќе има повеќе победници. Хванг Донг-Јук вели дека решението можеби не лежи во „убивање меѓу себе“, туку „одбивање да се натпреваруваат едни со други“.
Предизвиците ќе бидат уште поопасни. Планирале да внесат уште класични корејски детски игри, а на актерот Јонг-су му кажале дека ќе бидат уште подраматични.
Хванг на целото исчекување долева уште масло: имало и алтернативен крај на првата сезона, што би можел комплетно да ја промени иднината на серијата.
Доаѓа до крајот на 2023 или 2024.
Имаме време, допрва треба нова сезона „Круна“ и „Ти“.