Со куп боја, штикли какви што во Париз никој не носи и други занимливости, Нетфликс ја најави третата сезона на серијата „Емили во Париз“, што треба да дојде на 21 декември.
Пак има нејаснотии околу љубовниот триаголник, а се враќа и оној неинспиративен Британец од втората сезона како дечко на Емили.
Од сега се гледа дека нема да го има во 4-та сезона.
Вака по трејлер изгледа дека ќе биде подосадничко од втора, а дефинитивно од прва сезона, ама тоа не значи дека нема да го одмориме мозокот гледајќи:
Да се потсетиме:
Гледајте „Емили во Париз“ на Нетфликс
Што погоди, а што утна „Емили во Париз“?