Втората сезона на една од најгледаните серии минатата година дојде со послабо сценарио од првата, вети подостојно прикажување на реалноста во Париз и француската култура, а публиката доби ново емилизирање на светот и уште затрупување со шаренило наместо суштина. Дали тоа значи дека овој пат беше тешка за гледање и ме мачеше со денови? Се разбира дека не, ја изгледав за една вечер.