Гледавте „Емили во Париз“ втора сезона?
Жустин Леконт е француски моден дизајнер, мастер за концептот на модна капсула и генерално закон јутјубер што после години онлајн присуство сè уште има редовно квалитетни содржини, без да стане жртва на Јутјуб трендови.
Како французинка и моден ентузијаст, се важи нејзиното мислење за една од најоговараните серии на планетава.
Пример: Емили многу, многу се дотерува, ама тоа не е Париз - тоа е само Кери Бредшо.
Постојат девојки што имаат отворени врски, или се во љубовни триаголници - ама такви има секаде и до карактерот е.
Голи во сауна без срам и перде не е француска работа - германска е.
Носење штикли кај стигнеш не само што не се случува - невозможно е.
И ненормално е да си со месеци во Франција и само еднаш, после сите тие месеци, да стигнеш до зелен пазар.
Од друга страна пак, точно е дека французите не се опседнати со вежбањето како лајфстајл - тоа е американска работа. Ако се згодни, тоа е затоа што пешачат по 5-10 километри по ходниците на метрото, или возат точак покрај Сена - ама со крената веѓа ќе гледаат Американец што пробува да им протне дека Пелотон е супер опсесија.
И точно е дека постои пристоен начин да се обратиш во работен контекст - изразено преку односот на шефицата од Чикаго и шефицата од Париз - во Америка се прави како што ќе кажат „од горе“. Во Франција, шефот вика извини, фала и „што мислиш ти за ова?“
И да, bucket капи вриштат „турист!“:
Види и: