Олександр Ткаченко ја сподели фрустрацијата за навредливиот начин на кој е претставена Петра, лик во серијата од Украина.
Во втората сезона, Емили жонглира со резултатите од ноќта помината со дечко на другарка и потребите на нејзината работа во Париз, од кои една е учењето јазик на курс. Таму ја среќава Петра, Украинка што ја игра Дариа Панченко.
Петра ѝ остава лош впечаток на Емили кога без да помисли два пати, краде облека од стоковна куќа и ја тера Емили да го направи истото, пред да истрча да бега на улица.
Ткаченко го осуди овој дел од приказната:
„Во ‘Емили во Париз’ имаме карикатура на украинската жена, што е неприфатливо. Од друга страна е и навредливо. Ќе ги гледаат ли така Украинците во странство? Дека крадат, дека сакаат сè бесплатно, дека се плашат од депортирање? Тоа не треба да биде така,“ пишува министерот на неговиот официјален канал на Телеграм, два дена откако излезе втората сезона.
Додаде и дека ја гледал првата сезона и била „доста добра забавна серија“, но сега има „неколку коментари“.
„Од Нетфликс се добро запознаени со Украина, со оглед на тоа што повеќето улични сцени од Париз во филмот The Last Mercenery се снимени во Киев. И Европјаните и Американците имаат слушнато за нашите уметници, но тоа веројатно не е доволно. И мораме да продолжиме да се бориме со стереотипите. Затоа што ако во ’90-те и 2000-те Украинците беа претставувани како гангстери, со тек на време и тоа се промени.“
Види и: