Напомена: Фото илустрациите се призори од филмот за кој станува збор. Се надеваме дека ги покривме вистинските делови.
Зад ова филмско остварување стојат луѓето од Валијант, Сузе и Горан, првоборци во битката за слободни сексуални територии. Со нив разговаравме пред да го видиме филмот јер откако ќе изгледаш порно, и онака све ти е јасно. Поставивме професионални прашања, а тие одговорија уште попрофесионално, колку да имаат младите новинари од политичките редакции пример како се прави поштено интервју.
Што се раскажува филмот?
Клишето од долгометражни филмови за возрасни останува во минатото. Новата порно сцена ни пласира нова динамика во овој правец. Употребата на двд филмовите за домашна употреба замрува, а експанзијата на интернет во овој правец се движи со брзина на светлината. Токму затоа новата порно продукција се стреми кон производство на краткотрајни филмови или филм-сцена. Во нашиов секси случај сцената е посветена на една осамена г-ѓа која го очекува доставувачот на пица. Г-ѓа Мица е мераклика за млади надарени момци, па штом ќе му ја отвори вратата на дечкото започнува нејзината авантура...
Кога би одел на оние порн тјуб сајтови, кои тагови би ги имал?
Ексклузивата за почеток ќе ја имаме на www.sexbook.mk но, во иднина секако дека ќе оди и на порн тјуб сајтови каде меѓу таговите би оделе со milf, big dick, amateur, sexy tattoo...
Кои се главните актери и како се правеше кастингот?
Првично сите заинтересирани ни испраќаа си-ви :) Овде не е важно колку имаат и дали имаат актерите работен стаж, бидејќи нам ни се потребни други генералии. Прво правило кое треба да го знаат сите заинтересирани за кастинг е НЕМА УПОТРЕБА НА МАСКИ! – тоа беше дозволено само во нашето првенче ("Секси маскенбал''). За машките актери најважниот дел е да имаат што поголем алат и да можат добро да ,,работат'' со него, а тоа значи максимална ерекција и добра прилагодливост кон партнерката. За женскиот дел е важно пред се егзибиционистички дух, опуштеност, желба за експериментирање и практикување на орален, вагинален и анален секс. Потоа правиме интерни фото сесии, пробно снимање... договори и започнуваме со работа. Актерите се државјани на Р.М. Стефан и Мица имаа иста желба – СЕКС НИКОГАШ НЕ Е ДОСТА. Двајцата се авантуристички настроени, желни за секс, егзибиционисти во душа и едноставно беа најдобрата спојка од кастингот.
Каде ги снимавте Мица и Стефан и колку тоа траеше?
Снимањето беше во приватна куќа во Скопје. Актерите имаа период за дружење и меѓусебно запознавање со цел да расте тензијата меѓу нив, на природен начин да се стимулира позитивната енергија и да се разгорува сексуалниот оган. Самиот чин на снимање одеше многу добро и брзо бидејќи претходно имавме одлични подготовки и околу глумата, хумористичната нота и сексуалниот чин. Камерманот не посети два дена и за монтажа имаше доволно материјал за работа.
Кога се одолговлекува снимањето на еден порно филм, кои се најчестите причини? Желба за перфекција, проблеми со перформансите на актерите, попатни уметнички дилеми или нешто друго?
Кај нас ова е индустрија во развој па може да има повеќе причини. Некогаш се случувало актерот да се откаже во последен момент или пак во моментот кога ќе слушне камера, светло, снимај... актерот нема ерекција, па почнува психички да се оптоварува (како нема, зошто нема, кога ќе има...) и почнува тој маѓепсан круг од кој нема излез. Сме имале моменти и со стајлингот, лоша шминка, фризура...погрешен агол на снимање, па не ми се допаѓа позадината...
Како течеше снимањето, имаше ли проблеми со комшии, несакани повреди при работа, кој од ликовите покажа "особен интерес и успех"?
За време на снимањето немавме ,,допир'' со комшилакот бидејќи бевме во викендица на периферија, оваа работа бара изолација, тишина, концентрација...бидејќи само така се заштитуваме од тензија и така сме поекспедитивни. Оваа аматерска актерска двојка покажа дефинитивно особен интерес и успех во работата, а освен слатките задоволства други повреди на работното место немаше.
Колку луѓе всушност се присутни во просторијата кога главните јунаци се во дуел?
Сите кои се вклучени во проектот се наоѓаат на местото на настанот, тоа мора да е така (шминкер, костимограф, сценарист, камермани, режисер... ), меѓутоа за време на снимање на сцената тука сум јас (Горан, во својство на режисер, н.зз), камера и среќната двојка. Останатите се морална поддршка од страна бидејќи праксата покажува дека присуство на секое трето лице од страна го ремети процесот, деконцентрира...
Ние ревносно ја следиме светската порно сцена, но немаме многу информации за македонската. Постои ли таа и зошто не?
Светската порно сцена е многу поинаква приказна од нашата. Таа има традиција и развој од
19ти век, ние во 21век сè уште прашуваме дали може со маска и дали со една сцена ќе заработиме толку многу што после ќе се преселиме на друг континент и таму ќе уживаме од сработеното:) Ние имаме сосема различна концепција, проекција и визија. Македонија е мала земја и пазарот толку ни дозволува да бидеме развиени, но со sexbook.mk мислам дека ќе добиеме можност и ќе придонесеме за поголем развој на индустријата за возрасни и за сексуалната култура воопшто. Македонија е земја во која се кршат правилата помеѓу традиционалното и современото, ние сме единствена земја во која другите повеќе знаат за нашиот живот отколку ние самите. Тоа мораме да го надминеме за да напредуваме, предрасудите го уназадуваат човекот, затоа велам дека за напредок потребен е слободен ум!
Ако Македонија е лидер по реформи, странски инвестиции и што знам уште што не, кој е тогаш регионален порно лидер? Србија, Бугарија?
Е на оваа листа не сме последни! Бугарите сè уште немаат снимено официјален порно филм за возрасни. Хрватите први ги увезоа на бившите ЈУ простори класичните порно филмови со доза на еротика, костимографија и содржина (имаа и превод!). Изминативе неколку години и Словенците се обидуваат да ја оживеат нивната порно сцена, но Србите се дефинитивно лидери и маестро Слободан Станковиќ сè уште добро ја користи својата режисерска палка.
Последното ваше видео парче беше филмот со Драги Шпага. Како помина тоа и каде е сега Драги?
"Жена ми Мира пак мастурбира'' e филмот во кој Драги Шпага имаше главна машка улога. Ова беше новитет на нашиот пазар бидејќи во тој период светската порно индустрија беше фокусирана на производство на пародии, а ние направивме нов жанр: порно-комедија. Филмот беше добро прифатен и поради хуморот беше гледан од двата пола, а за мене тоа беше главна цел на проектот. Драги Шпага е тука негде, тој си продолжуваа и си ја живее неговата животна приказна, работи, шета, ужива.
Македонија има еден светски признат работник во оваа област, кумановецот Карло Бос. Сте пробале ли да влезете во заеднички проект?
Разговаравме за наш заеднички проект, меѓутоа имавме и несогласувања околу ставовите и сега за сега таа работа е на стендбај, ако не го скршиме временскиот интервал потребен за формата на еден порно глумец, тогаш сигурно ќе се вклучи и Карло Бос во овој развоен процес на нашиве простори.
Кога пари и локален менталитет не би биле проблем, кои јавни личности од Македонија (првенствено политичари) би сакале да ги видите во некој ваш филм?
Хихихи...машта ради свашта. Елена Ристеска со нејзиното учество во "ТЛЗП'' предизвика такви овации со својот сексипил што можам да речам дека е вистинска секс бомба, меѓутоа свесен сум дека таа си гради музичка кариера и ја доживувам како професионалец во својата кариера. Политиката е толку многу присутна во нашето секојдневие што едноставно не можам да ја спојам со мојата професија, бидејќи се плашам да не стане асексуално. Се шегувам. Искрено повеќе ме импресионираат no-name ликови; бидејќи ми се предизвик од нив да го извлечам она што и самите не знаат дека можеби го посакуваат а е во служба на задоволството и работата.
После филмов, кој е планот?
Планови има секогаш, пари никогаш доволно да ги реализираме.
Тифани Томсон или Аса Акира?
Аса Акира дефинитивно, косооката освојува на прв поглед. Вистинска порно дива. Тифани Томсон - too light :)