По 28 и пол години прекината грандиозна серија на Шпанија

Викинзите од Шведска веќе по којзнае кој пат се покажуваат како тврд орев за фудбалската репрезентација на Шпанија. Во четвртокот вечер во Стокхолм домаќинот славеше 2-1 и прекина една децениска серија на „фуријата“.
 

Откако на Европското првенство летово Шпанија во групна фаза одигра само 0-0 со Шведска која постојано се покажува како незгоден ривал за селекцијата од Пиринеите, во четвртокот вечер Шпанците 

На „Френдс Арена“ во Солна, во Стокхолм, домаќинот со головите на Александер Исак и Виктор Клаесон ја совладаа Шпанија и после 3 меча се први на табела со 9 бода. Шпанија има меч повеќе и 7 бода. Во Катар 2022 одат само победниците во групите, а второпласираните ќе играат бараж.

Неверојатно звучи фактот дека ова беше прв пораз на Шпанците во едни квалификации за Светско првенство уште од далечниот 31 март 1993-та година кога во Данска изгубиле со 1:0.

Од тогаш до четвртокот вечер на 2 септември, Шпанија немаше пораз на 66 натпревари во квалификации за Мундијал. Остварија 52 победи и 14 нерешени.