На глобалните јавни услуги (од здравство до полиција и пожарна), државните службеници и проекти им се ускратени над 100 милијарди долари во данок што големата шесторка од Силициумската долина го избегнува на секој можен начин.
Додека дигиталната безбедност им е решена од канцеларија преку тастатура, физичката безбедност на првите луѓе на глобалните технолошки гиганти се решава со ангажмани вредни милиони долари.
Имајќи го предвид огромното влијание што Силициумската долина го има врз нашите животи, изненаден сум од тоа колку ретко таа е прецизно претставена во поп-културата. Би можел на една рака да ги избројам најдобрите примери, пишува Бил Гејтс.
Последната истрага на Вол стрит журнал покажува дека Саудиска Арабија е најголемиот извор на финансирање за американските технолошки компании. Само од почетокот на 2016, саудиското кралско семејство инвестирало над 11 милијарди долари директно во американски стартапи.
Просечниот корисник на Ајфон го отклучува својот телефон околу 80 пати на ден, или 5 до 6 пати на час, ако земеш предвид дека го користи околу 12 часа дневно. На оваа бројка од Епл треба да се додаде со едно друго истражување според кое во текот на еден ден корисниците екранот на својот смартфон го допираат по 2617 пати.
2017 излезе дека е година во која Силициумската долина престана да измислува и почна да препакува веќе постоечки и употребливи работи, во скапи (и џиџани) производи кои никој не ги побара. На пример, чајник што прави чај, за 400 долари.
Сопствениците и основачи на најголемите технолошки гиганти ќе влијаат на изместување на демократите уште повеќе кон лево за голем број општествени и економски прашања, со исклучок на синдикатите и регулирање на бизнисот, кои веднаш би ги укинале.
The Institute Presents: Neurosociety, 60-минутен театарски перформанс креиран од Дејвид Брн и Мала Гаонкар, се состои од интерактивни околини кои ја претставуваат работата на петнаесет когнитивни невронаучни лаборатории низ светот.
Ако иновативните технологии не почнат да произведуваат сервиси од кои бенефит ќе имаат сите а не само привилегираните, политичките популисти ќе почнат да ја изедначуваат технологијата со големите банки и другите големи ои отуѓени непријатели на обичниот човек.
Како што се повеќе компании од Силициумската долина почнаа да создаваат млади богаташи од своите вработени, така и овие новопечени милионери открија што се можат да купат за своите пари.