Најглупите изуми на Силициумската долина од 2017

2017 излезе дека е година во која Силициумската долина престана да измислува и почна да препакува веќе постоечки и употребливи работи, во скапи (и џиџани) производи кои никој не ги побара. На пример, чајник што прави чај, за 400 долари.

Летачките автомобили на Убер, до сега познати како хеликоптер

Годинава Убер објави дека до 2020 во Лос Анџелес ќе започне сервис со летачко такси. Концептот што го претстави „е ист како секој друг летачки автомобил“, односно наликува на хеликоптер или џиновски дрон, кој треба да има пилот за да може да разлетува богаташи.

 

Хоризонтален облакодер, до сега познат како зграда

Новото седиште на Гугл во Лондон е долго 330 метри и има 7.000 вработени. Она што Гугл го нарекува „земјодер“ или „хоризонтален облакодер“ во основа е долга зграда висока 11 спратови. Во нејзе ќе има и лифт кој се движи и вертикално и хоризонтално.

 

Лифт шатл, до сега познат како градски автобус

Еурека моментот на конкурентот на Убер е воведување на редовни времиња на подигнување патници од неколку фиксни локации низ градовите, со комбе. Плус, затоа превозот ќе го користиш заедно со други луѓе, тој ќе биде поевтин од редовната цена. Се вика Лифт шатл, „пред тоа, се викаше градски автобус.“

 

Тифориа лиф, до сега познат како чајник

Чајник што се поврзува на интернет и користи чаеви што доаѓаат во специјални капсули кои можат да се купат исклучиво од производителот на чајникот. Уредот чини 400 долари. Откако ги спискаа 17-те милиони долари што ги собраа за финансирање на проектот, Тифориа затвори, и сега остави десетици корисници дома да им дремат чајници од по 400 долари.

 

Клауд простор за физички работи, до сега познат како магацин

Компанијата Мејкспејс собира 57 милиони долари за својот клауд за физички работи, „и ако ова ви звучи како магацин, тоа е затоа што е така.“

 

Капсула за паузирање, до сега позната како шатор

За ова можеш да жалиш затоа што не ти текнало како заебанција. На нив им текнало како производ. Се вика Капсула за паузирање и е „приватен простор слободен од стресни моменти.“ Во реалност е шатор што треба да го отвориш сред канцеларија.

 

Џусеро, до сега познат како раце

Имаш машини што дробат, сецкаат или цедат сок од овошје и зеленчук, и го имаш Џусеро кој стиска кесички со однапред подготвени сокови или смутија од овошје или зеленчук. Како и со чајникот и овој е поврзан на интернет, и овој можеш да го полниш само со кесички купени од неговиот производител, и овој чини 400 долари, а исто така и овој пропадна. За разлика од чајникот, Џусеро собра 118,5 милиони долари за финансирање на проектот. Парите им траеа 5 месеци, пред да затворат.

Целиот список, тука

20 декември 2017 - 15:18