Ноќта на книжарниците

Додека ние са бавиме со „скандалот“ со Аца Лукас и неговиот лошо уфилман менаџер (види овде), во Буенос Аирес се одржа „La Noche de las Librerías“, еден од највозбудливите културни настани во главниот град на Аргентина. На улиците излегуваат стотици илјади луѓе за да разгледаат и купат книги во вредност од милиони долари. Можеме да замислиме тоа кај нас? Не можеме. 

Буенос Аирес важи за „Престолнина на  книгите“. Има преку 25 книжарници на 100.000 луѓе.

Ако Скопје е 600.000, би требало да има 150 книжарници? Да фатиме да броиме?

24 ноември 2025 - 11:59