Навреда за нашата интелигенција е да се гледа оној гангстер Линдзи Греам како дискутира за ова. Тоа е оној кој рече: „О, мора да се тепаме за Украина затоа што имаат минерали вредни 10 трилиони долари“.
Тој е обичен гангстер кој работи во организирана криминална банда наречена влада на САД. Патем, се подбива: „Госпоѓо, не мислите дека можеме да ги убиеме луѓето што сакаме да ги убиеме? Дали сте толку наивни? Дали треба да седнам на интервју во Face the Nation и да ви објаснам дека можеме да убиеме кого сакаме и можеме да дадеме какво било објаснување што сакаме? Можеме да кажеме дека се трговци со наркотици“.
Патем, кога Обама ги издаде наредбите, а Трамп ги следеше и спроведе во 2015 и во 2019 година, тоа немаше никаква врска со трговијата со наркотици. Тоа е само изговор на денот. Тие се обидуваат да ја соборат оваа влада повеќе од 20 години. И ќе убиваат. И ќе прават упади.
Тоа се вика инвазија.
И ќе го сторат тоа. Ќе се потсмеваат, ќе се смеат и ќе се закануваат како гангстери: „Подобро да излезете оттаму, бидејќи ние ќе го исчистиме теренот и имаме право на тоа. Ние сме Соединетите Американски Држави.“
И каде нè води ова? Нè води од една војна во друга па во трета. Толку за МАГА. Толку за мировниот претседател. Ајде бре, ова е гангстерство. И е на виделина.
Патем, ве замолувам - некој во Конгресот, во судовите, во САД, во медиумите - кажете нешто за оваа неверојатно вулгарна и нелегална мобилизација на американската војска за овој тековен обид за грабнување на нафтата на Венецуела.“