Интернет лекции:

Го знаете ли ефектот на Барбара Стрејсенд?

Во психологијата тоа се вика „психолошка реактанса“ - колку повеќе  притискаш нешто да се скрие, толку повеќе луѓето го бараат тоа. Како кога ќе ти кажат, „не гледај десно“ и одма ти допаѓа да погледнеш баш десно. Ако нешто сакате да тргнете од интернет, не ни помислувајте на тоа.

Во 2003 година, фотографот Кенет Аделман лета со хеликоптер и го снима калифорнискиот брег за еден проект за ерозија на крајбрежјето (California Coastal Records Project).

Меѓу илјадници обични фотографии има една - слика број 3.850 - на која се гледа куќата на Барбара Стрејсенд во Малибу.

Нормално, никој не ја ни забележал ама Барбара некако разбрала за тоа, се возбудила па решила да тужи и да бара отштета. Тужела за нарушување на приватноста, барала 50 милиони долари и фотографијата да биде тргната од интернет. 

Доживува заеб од невидени размери.

Пред тужбата, фотографијата била симната само шест пати. Од тие шест, два даунлода се од нејзините адвокати, за потребите на предметот.

Откако приказната се проширува, за само еден месец фотографијата ја имаа видено 420.000 луѓе.

Наместо да ја сокрие, Стрејсенд ја направила фотката позната. Тужбата на крај ја загубила, а морала да ги плати и адвокатските трошоци на другата страна.

Во психологијата тоа се вика „психолошка реактанса“ - колку повеќе  притискаш нешто да се скрие, толку повеќе луѓето го бараат тоа. Како кога ќе ти кажат, „не гледај десно“ и одма ти допаѓа да погледнеш баш десно. 

Истиот тој механизам функционира и за правила, прописи, совети или наредби кои се доживуваат како закана за одредени слободи на однесување. Реактансата се јавува кога поединецот чувствува дека некој друг се обидува да го ограничи неговиот избор на реакција.

Како Барбара Стрејсенд се имаат изгорено многу луѓе, главно познати фаци или политичари кои доживеале комплетно обратен ефект од оној кој очекувале да го постигнат откако побарале нешто да биде тргнато од јавната сфера. Наместо тоа, дочекале масовна љубопитност. 

Нам кога ни бараат да тргнеме нешто, ако е добронамерно, го тргаме. Ама ако се заканат со тужби или слично, ни растат очници па таквите ги охрабруваме да нè тужат, со ветување дека ќе сториме сè што можеме на случајот да му го дадеме потребниот публицитет. 

И потоа, нормално, штурци.

6 ноември 2026 - 13:57