ДНК нобеловецот остана без еполети заради расите

Нобеловецот кој ја откри тајната на ДНК остана без сите свои титули, звања и почести поради неговите заклучоци дека расите се разликуваат по својата интелигенција. „Кој работел со црнци, знае,“ го шокираше светот своевремено Џејмс Вотсон. Кај вакви случаи никогаш не ти е докрај јасно дали научникот просто швркнал на стари години или пак можеби само открил една тајна премногу.

Њујоршката Колд Спринг Харбор лабораторија ги прекина сите врски со својот некогаш долгогодишен лидер, нобеловецот Џејмс Вотсон. човекот кој помогна да се открие структурата на ДНК, заради неговите „срамни“ коментари за поврзаноста меѓу расата и интелигенцијата.

Одземени му се сите титули, звања, почести и признание е обзнането е групно оградување од сите негови коментари на тема раса и интелигенција.

Од чело на институцијата Џејмс Вотсон беше отстранет уште во 2007 година по неговото интервју за Сандеј Тајмс во кое изјави дека „не е оптимист за иднината на Африка“ бидејќи „сите социјални политики се засновани на идејата дека нивната интелигенција е иста како нашата, но тестирањата покажуваат дека не е така.“

“Иако јас сакам расите да се еднакви, луѓето кои морале дас се справуваат со вработени црнци знаат дека тоа не е вистина“, го шокираше тогаш светот Вотсон кој со уште тројца научници во 1953 година ја открија тајната на структурата на ДНК.

По жестоките реакции Вотс тактички се извини за кажаното но во едно скорешно интервју призна дека неговите ставови не се промениле. 

 

15 јануари 2019 - 09:28