Не е сè така розево во Силицумската градина, смета Рос Берд, извршен директор на фондот Village Capital кој се фокусира на помагање стартапи кои решаваат "глобални проблеми."
Иако Силициумската долина е место со извонредна концентрација на едни од најпаметните и најдинамичните луѓе на светот, таа не продуцира доволно компании од кои аир има пошироката заедница.
Берд смета дека премногу производи кои излегуваат од таму се дело на привилегирани млади луѓе, наменети за привилегирани млади луѓе.
Според него, во тоа е главната потреба од фондови како неговиот кои поддржуваат технологии и нови проекти (како Pigeonly или Front Row Education) кои помагаат во животот на неразвиените заедници во САД.
Ваквата социјална нечувствителност на напредните технологии има свој ефект и на политичко ниво. Американците сè повеќе се гневни на растечката нееднаквост во шансите и пристапот со што се објаснува и популарноста на партиските аутсајдери како Доналд Трамп или Берни Сандерс.
Затоа Берд смета дека инвеститорите и претприемачите треба да создаваат иновативни продукти и сервиси од кои бенефит ќе имаат сите, а не само оние кои се веќе привилегирани. Во спротивно, политичките популисти ќе почнат да ја изедначуваат технологијата со големите банки или енергетски компании како непријатели на обичниот Американец.
Интервјуто со него можете да го видите на ТechCrunch