Америка не се окажува од венецуелската нафта

Според официјални извори во САД, државата влегува во нова фаза во нејзините операции против Николас Мадуро, главната пречка за нивните замисли за оваа земја. Една од мерките е прогласување на  Картел де лос Солес за терористичка организација, што им отвора палета нови алатки за притисок. А тоа штотуку го направија. Причини за сето ова? Професорот Џефри Сакс објасни: Просто е.

Соединетите Американски Држави започнуваат нова фаза од операциите поврзани со Венецуела, со намера да го ескалираат притисокот врз Николас Мадуро, анонимно за Ројтерс изјавиле четворица американски функционери.

Двајца од нив рекле дека тајни операции веројатно ќе бидат првиот дел од новата акција.

Вашингтон во август ја удвои наградата за апсење на Мадуро на 50 милиони долари, но американскиот министер за одбрана/војна Пит Хегсет минатата недела изјави терористичка етикета би донела „цела низа нови опции за САД“.

Тоа и го направија. Утрово го означија венецуелскиот Картел де лос Солес (Картел на сонцето) како странска терористичка организација, воведувајќи дополнителни санкции врз групацијата за која велат дека ја води Мадуро и други високи функционери а се товари за шверц на дрога во САД.

Друг елемент од американската операцијата би била врз Каракас и другите големи градови да фрлаат летоци против Мадуро и власта во земјата, пренесува Ерусалим Пост.

На средината на ноември, на Карибите пристигна најголемиот носач на авиони на американската морнарица, „Џералд Р. Форд“, придружен од најмалку седум други воени бродови, нуклеарна подморница и авиони Ф-35. Американците од септември извршија 21 напад врз наводни бродови за дрога, при што загинаа најмалку 83 лица. Групите за човекови права ги осудија нападите како нелегални убиства на цивили.

Но, американската јавност сè уште не е издинстана за големи потези против Венецуела. Околу 70 проценти се против американска воена интервенција во Венецуела, покажа скорешна анкета нарачана од Си-Би-Ес.

 

„Венецуела ги има најголемите резерви на нафта во светот. А ние сакаме да им ги украдеме, просто и едноставно. Воопшто не е комплицирано. Ова нема никаква врска со борба против трговијата со наркотици. САД се обидуваат да ги соборат властите во Венецуела повеќе од 20 години. Обичен гангстеризам“.
* во Џефри Сакс за Венецуела: Просто е

 

25 ноември 2025 - 10:09