Заклучокот е од студија на Универзитетот Станфорд во која се анкетира елитата што се појави од технолошкиот бизнис, и се прави компаративна анализа на нивните политички ставови.
Без изненадување, мнозинството од испитаниците се либерали, меѓу кои ги има "најлевичарски настроените демократи што можеш да ги најдеш." Тие се убедливо за економските политики за распределба на богатството, вклучително и поголеми даноци за богатите и повеќе социјална помош за сиромашните, и бесплатно здравство. Плус се залагаат за поотворени правила за миграција и слободна трговија.
Тие ја држат левата страна и на теми како абортус, геј права, поддршка за контрола на оружјето и укинување на смртната казна.
Во сето ова левичарство, технолошките богаташи прават пресврт кога е во прашање регулирањето на бизнисот, посебно на тема работнички права, каде тие се далеку поблиски со републиканците отколку со идеологијата на демократите.
Збирно нивната забелешка во студијата е дека е премногу тешко да отпуштиш вработен и дека владата треба да го олесни тоа. Во исто време, тие би сакале да го намалат влијанието на синдикатите во јавниот и приватниот сектор.
"Ќе си речеш дека луѓе со доволно пари за да влијаат на политичкиот систем очигледно би ги искористиле тие средства за да влијаат на растот на социјалната и економската нееднаквост на начини кои ним ќе им бидат од корист.
Она што нè изненади е што имаме група која вели 'всушност, нашите даноци треба да растат и повеќе пари треба да се трошат на здравствена заштита, или за да ја заштитиме природната средина - меѓутоа во исто време веруваат дека регулацијата и синдикатите се проблем,'" објаснува ко-авторот на студијата и асистент професор по политичка економија на Станфорд, Дејвид Брукман.
За студијата намерно се исклучени сите обични работници и анкетирани се над 600 милионери и милијардери од технолошката индустрија.