Проституцијата во Силициумската долина бележи раст и е сериозно поттикната од технолошката револуција, сложно потврдуваат тамошната полиција и сексуалните работнички.
Не само што се зголемува бројот на клиенти, туку и самата проституција станува далеку поефикасен бизнис.
"Една од сексуалните работнички за наплаќање на услугите користи Сквер, системот на Џек Дорси за мобилна наплата на кредитни картички. 'Што се однесува за Сквер, јас нудам консалтинг услуги.'"
Во интервју за СиЕнЕн, друга девојка признава дека заработила "речиси 1 милион долари" услужувајќи млади и богати мажи, од кои најголемиот дел се од "големи ИТ компании во областа, кои беа преплавени со пари од излегувањето на берза."
"Мнозинството од нив се навистина слатки, добри... некако тивки. Тие се млади момци кои работат во компјутерската индустрија и имаа пари. Млади момци, некаде околу 20 години, кои ме прашуваат 'Како да фатам девојка? Што треба да направам?' Еден додека го паркираше своето Ферари, ме праша да не треба да си купи куче."