Sonder - Кога ќе сфатиш дека секој случаен минувач има исто толку богат и комплексен живот како и ти.
Opia - Двосмислениот интензитет кога гледаш некого во очи, чувство кое е истовремено и нападно и ранливо.
Monochopsis - Суптилно но постојано чувство дека нешто не е како што треба.
Énouement - Слатко-горчливо чувство кога ќе ја видиш иднината, и ќе дознаеш како излегла некоја работа, ама не можеш ништо од тоа да му кажеш на твоето минато јас.
Velichor - Чудната привлечност на книжарници каде се продаваат стари книги.
Rubatosis - Вознемирувачката свесност за биењето на сопственото срце.
Kenopsia - Морничавата атмосфера на место кое обично е преполно со луѓе, но сега е напуштено и тивко.
Mauerbauertraurigkeit - Необјаснив нагон да ги оттурнуваш луѓето од себе, дури и блиски пријатели кои навистина ти значат.
Jouska - Замислен разговор кој цело време бурно го вртиш во главата.
Chrysalism - Прекрасното спокојство да си внатре дури надвор беснее бура.
Vemödalen - Фрустрацијата на фотографирање нешто прекрасно, знаејќи дека веќе постојат илјадници идентични фотографии.
Anecdoche - Разговор во кој сите зборуваат, но никој не слуша.
Elipsism - Тага дека никогаш нема да знаеш како ќе излезат работите на крај.
Kuebiko - Состојба на снеможеност поттикната од безумно насилство.
Lacheism - Желбата да бидеш погоден од некаква несреќа - да преживееш авионски пад или да загубиш се' во пожар.
Exulansis - Тенденцијата да се откажеш од муабет на некоја тема затоа што никој нема однос кон неа.
Adronitis - Фрустрација од тоа колку време треба додека запознаеш некого.
Rückkehrunruhe - Кога ќе се вратиш дома по возбудливо патување и ќе сфатиш колку бргу чувството ти го снемува.
Nodus Toilens - Кога ќе сфатиш дека приказната на твојот живот веќе нема смисла.
Onism - Фрустрацијата од тоа да си заглавен во само едно тело и во само едно место во единица време.
Liberosis - Желбата да не се секираш толку за разни работи.
Altschmerz - Уморот од занимавањето постојано со истите проблеми, грешки и стравови кои те мачат со години.
Occhiolism - Свесноста за ништожноста на твојата перспектива.