Гледачот во рамки на интерактивната „претстава“ е воден низ 4 простории, во секоја искусува различен аспект од себеси, и е натеран да го проблематизира својот однос кон светот и кон другите. Можете да видите, на пример, како е да ви порасне џиновска рака, или да бидете сместени во тело на кукла. Но не се сите искуства сетилни и телесни, туку има и морални дилеми кои треба бргу да се разрешат.
Сите резултати од интеракцијата со публиката, со согласност од посетителите, ќе бидат употребени за лабораториите да ги продолжат и унапредат своите истражувања. Оттаму, секој гледач е посебени и интегрален дел од проектот.
Локацијата на која се одвива целиот настан е Менло Парк, еден од трите уметнички простори во Силициумската долина. Брн во склоп на неговата подготовка посетил 35 истражувачки лаборатории низ светот, каде го упатиле во најновиот развој на когнитивната неувронаука. Тој и неговата пријателка, технолошкиот инвеститор Гаонкар, врз основа на она што го виделе и слушнале од експертите во оваа област, осмислиле серија искуства поврзани со природата на човечките доживувања, кои варираат од перцепција до донесување одлуки.
Во една таква ситуација на учесниците им се пушта сцена од филмот „Око на небото“, онаа во која воениот командант (Хелен Мирен) му кажува на пилот на дрон (Џеси Пинкмен од „Брејкинг бед“) дека има терорист во одредена куќа некаде на Блискиот Исток, и му издаваат наредба да ја активира ракетата. Но пред самата куќа има дете кое продава леб, кое сигурно ќе загине при експлозијата.
Во експериментот се бара да се ставите во улога на пилотот и да донесете брза одлука. На крај сцената од филмот се прелева во фотографија на дете кое продава лимонада пред куќа на Универзитетската авенија во Пало Алто, наместо во некоја далечна земја. Она што го фасцинира Брн се можните промени на одлуките во зависност од контекстот, како и опрадвувањата на постапките (да се, или да не се активира експлозивот) кои се наведуваат ретроактивно.
По излегувањето од просториите луѓето велат дека доживеале трансформативно искуство. Доволна реклама за оние кои се во потрага по нив. „Претставата“ ќе биде поставена до 31 март.