Пример, еден од најлабавите на тема физичко обезбедување е првиот човек на Епл, Тим Кук, за чии телохранители компанијата годишно плаќа нешто над 300 илјади долари. Вон оваа сума се парите што се плаќаат за надзор и безбедносни системи на куќата и работното место на Тим Кук.
Наспроти него, Амазон и Оракл во последната фискална година потрошиле по 1,6 милиони долари на телохранители за своите ЦЕО-а, Џеф Безос и Лари Елисон. Додека нешто поскромна сметка има ЦЕО-то на Гугл, Сундар Пичаи, за чие физичко обезбедување Алфабет има платено над 600.000 долари.
Најскап ЦЕО за заштита е Марк Закерберг, чие обезбедување го чини Фејсбук околу 7,3 милиони долари. Ова е сумата за 2017, а очекувањата се дека таа ќе порасне и наскоро ќе изнесува околу 10 милиони долари годишно. Ваквата сума луѓето што работат со обезбедување ја објаснуваат со обемот на потенцијални закани: „Ако имаш 2 милијарди корисници и само 1% од нив ти се гневни, тогаш можеш да очекуваш обемна кореспонденција. Луѓето задолжени за заштита мора да го евалуираат тоа, и буквално да направат процена на секоја изјава што стигнала до нив. Не можеш да ризикуваш“.
Ова објаснување држи и за второто место на топ-листата најголеми фактури за обезбедување во технолошкиот сектор, на кое се наоѓа Шерил Сандберг, жената задолжена за оперативно водење на Фејсбук.