Плус на овие пари во август годинава Саудијците ветија дека ќе придонесат со 45 милијарди долари во Вижн фондот на Софтбанк кој вреди 92 милијарди долари.
„Како што се поголем дел од создавањето на глобалното богатство почнува да отпаѓа на технолошките компании, така треба апсолутно да знаеме каде одат тие пари. Во прашање е етика. Американската технолошка индустрија создава милијарди долари повраток на инвестиции. Со овие пари се полнат куферите на држава која нема никаква почит за основни човекови права, тоа е проблем. Тоа не е добро за претприемачите од Силициумската долина, ниту е добро за нашата држава во целост,“ пишува Џон Врионис во текстот за Течкранч.
Еден од пропустите што тој ги наведува во финансирањето од странски државни фондови, е што тие се заштитени од правилата кои важат кога ризичен капитал (Venture Capital) работи со пари на американски институции. Така, кога овие инвеститори го застапуваат капиталот на американски универзитети, пензиски фондови, и слични институции тие се задолжени своите извори на капитал да ги објават по барање на Законот за слобода на информации. Кога истите тие собираат пари од суверените фондови на богатство, ова правило не важи, што е и причина за се позачестената употреба на суверените фондови.
Очекувањата на Врионис не се дека сето ова ќе се промени преку ноќ, меѓутоа тој инсистира до тогаш стартапите и претприемачите да почнат да ги прашуваат своите инвеститори од каде им доаѓаат парите, и да се почне со притисок врз ризичниот капитал.
Што се однесува на Саудијците тие до сега имаат свои пари во компании како:
- Убер
- Слак
- АРМ холдинг (производител на чипови за смартфони)
- Нвидиа
- Бреин корп
- Мапбокс
- ГМ круз