Бил Гејтс е последниот во низата кои сугерираат дека еден од начините да се соочиме со масовното губење работни места заради зголемената автоматизација е да ги оданочиме роботите кои ги убиваат тие места, односно компаниите кои ги користат.
Според него, треба да постои воља да се зголеми даночното ниво па дури и да се забави брзината на автоматизацијата.
Ако еден работник в фабрика произведе нешто во вредност од 50.000 долари, тоа е оданочено и оптоварено со социјални давачки. Истото треба да важи и за 50.000 кои ги произведува робот“, смета Бил Гејтс.
И Европската унија неодамна разгледуваше идеја за „данок на роботи“, но засега, реши да ја одложи за други времиња.
Од друга страна, сè почесто доаѓаат предлози економските предизвици на иднината да се ублажуваат со тн универзален основен приход. Како што сугерира и името, тоа биле пари кои би обезбедувале достоинствен живот за секого, без разлика на неговиот придонес во капиталистичката машинерија за правење пари.
Такви предлози доаѓаат од земји со сосема различни политички и економски милјеа: на пример Монголија, на пример Финска, на пример Индија.
Универзалниот основен приход, меѓу другото, би придонел луѓето да видат аир од природните богатства нас своите земји. Повеќето нафтени земји од суб-сахарска Африка одделуваат срамно мали пари за општо добро. Габон и Екваторијална Гвинеа, на пример, имаат приходи пер капита од 10.000 и 20.000 долари но истовремено и една од најмалите стапки на детска имунизација на континентот. Луѓето не се ни свесни колку пари ѝ носи нафтата на државата па не ни имаат чувство дека се тоа нивни пари.
Истовремено, би се подобрила состојбата на оние кои живеат од социјално (во Индија заради корупција 40% од таквите давачки завршуваат во погрешни раце) а некаде би се амортизирал социјалниот удар од автоматизацијата која во иднина ќе укине десетици па и стотици милиони работни места.