Од безвремена до безимена

Да се потсетиме каква беше “нашата земја“ во 2009 година и каква ја запознаваше светот преку убавите спотови кои одеа на CNN. Не само што беше Македонија, не само што беше безвремена, не само што беше, меѓу другото, и античка...туку и да се гордееш со неа, бре.


Чита пејачот Владо Јаневски, режијата е на Игор - Кога не се срамите пред себе, ќе се срамите пред Столе - Ивановски

**********

п.с. Ако некому му текне дека за овие промоции одеа многу пари (а одеа) ама не му текнува на 500.000 евра за помош на Арачиново околу ковид кризата (не?), 500.000 евра за невладини да подигале свесност за ковид кризата (не?), 700.000 евра за помош на печатени медиуми (не?), илјади вработени државно кои со години не одат на работа (не?)....тогаш Македонија можеби веќе не е тајмлес, ама затоа некој останал хелплес. 

18 февруари 2021 - 12:33