Таг: роботи

Сè само лоши филмови стануваат вистина

Кинеската армија има кучиња роботи што работат заедно како единица.

Да нè не им стигаат Кинези?

Кина се пофали дека има план да почне да произведува напредни хуманоидни роботи во рок до 2 години кои ќе можат да го изменат светот и сето тоа да се одвива со индустриски обем.

Бог да чува: роботи почнуваат да вршат верски обреди

Не се само уметниците и професорите оние кои се загрижени во врска со напредокот на автоматизацијата и вештачката интелигенција. Роботите навлегуваат и во области каде навидум никогаш не би требало да се најдат. На пример во практикувањето на религијата.

„Слатките“ роботи-кучиња само што станаа воено оружје

Нешто слично на оние веселите и забавни роботи-кутриња на Бостон динамикс имаат и Гоуст роботикс, само нивните се со снајпер, сензори и камери за надзор. Баш тоа што Асимов го збореше на времето.

Чување бебиња-роботи како сексуално образование?

Со шубе насловов да не се сфати како предлог, да појасниме дека ова е експеримент во американски средни училишта. Чии резултати се оценети како сомнителни.

Запознајте го Вектор

Вектор е робот, и не прави нешто посебно многу, и ако некогаш се случи како човештво да се прелажеме и да почнеме да им веруваме на роботи тоа ќе биде заради Вектор и такви како него. За сега е Кикстартер проект, ама до октомври би требало да биде готов производ.

Роботот на Бостон динамикс сега и трча

Се работи за Атлас, истиот робот што скокаше пред некое време, чиј контролен систем го координира движењето на рацете, торзото и нозете „за да постигне мобилна манипулација“ на целото тело. Терминатор лајкс дис.

Овие почнаа врати да отвораат

До сега ги имавме роботите на Бостон динамикс како одат стабилно и демонстрираат рамнотежа (како ниту еден робот пред нив) дури и кога ќе бидат шутнати. По ново, овие четвороножни машини научија да употребуваат квака.

За некое време на агрегаторите нема да им требаат ни портали за да прават пари

По 1-годишен тест јужнокорејската новинска агенција Јонхап и официјално го предаде известувањето од натпреварите од англиската премиер лига на - роботи. Дигиталните дескаџии ги објавуваат извештаите во рок од 1 до 2 секунди по завршувањето на натпреварот.

Од вас куклите, ние курвите не можеме на ред да дојдеме

Време е да се апдејтираат некои изреки. Јавна куќа од Виена обелодени дека нивната хипер-реалистична секс кукла по популарност и нарачки од клиенти ги надминала сите други нивни - живи - трудбенички. А поскапа е. 

Маск бара забрана на роботите убијци

Технологијата сама по себе е неутрална но некогаш треба да се повлече линија. Со робот, на пример, тешко е људски да се разбереш, особено ако има пушка во рака и е програмиран да ги потепа сите кои сакаат да се разберат со него.

Што е попродуктивно од Кинез?

Кинез со армија роботи. И за идни референци, вака изгледа крајот на човечката работна сила. Таман мислиш ќе се уморат, они сами одат да се закачат на полнач.

Бил Гејтс предлага роботите да плаќаат даноци

Од неколку различни страни доаѓаат решенија за едно од најнеизвесните прашања на блиската иднина (а не е што ќе пресече факинг ДУИ): кога роботите ќе го преземат производството, од кај ни нас пари да го купуваме она што тие ги произведуваат?

И роботите имаат душа

Музика и текст од реклама за заштита на животни, видео од тестови на роботи. До крај, ве остава завиени во тага  да не можете на тостерот во очи да му погледнете што толку сте го стискале.

Ќе се кандидира ли робот за претседател на САД во 2020?

Човек предизвика на политичка дебата компјутер кој веќе има победувано луѓе на други полиња. Компјутерот го одби предизвикот бидејќи во моментов има попаметна работа отколку да дебатира.

Допрва ботови ќе пишуваат портали

Неколку минути откако Епл го објави извештајот за рекордната квартална заработувачка (18 милијарди заработувачка од 74,6 милијарди во приходи), Асошиејтед прес го објави текстот "Епл ги надмина предвидувањата на Вол Стрит за првиот квартал," текст комплетно напишан од автоматизиран систем, без никаков допир на човек.

Човештвото е на пат да стане технолошки вишок

Како што во времето кога се појавиле автомобилите никој не верувал дека ќе престанеме да ги користиме коњите за работа, така и денес сите се исмејуваат на тоа колку се несмасни и ограничени денешните роботи во вршење на некоја работа.

За идните невработени генерации

Ако училиштата не се променат сериозно, во однос на тоа како и што предаваат, роботите ќе ги преземат сите работни позиции кои до сега ги држеше средната класа, што последователно ќе доведе до создавање на "перманента подкласа."

И роботи заиграа фудбал

Луѓето неодамна смислија нов начин како да одиграат една партија фудбал, но сега тоа задоволство им го пропуштија и на роботите кои одржаа Светско првенство во Ајндховен.