Програмата што ја користат се вика Сокербот, и беше тестирана цела 2016-2017 сезона. Во овој период Сокербот пишува 380 статии, од кои секоја е готова во рок од една до две секунди од последното свирче на судијата.
Од агенцијата изјавуваат дека на сите свои клиенти ќе им ги испраќаат текстовите од Сокербот за сите 380 натпревари од годинешната сезона на Премиер лигата.
Системот пишува корејски користејќи база на податоци составена од фрази што во минатото ги користеле новинарите на Јонхап. Откако ќе заврши со пишување, програмот сам прави проверка на точноста на информациите на текстот и лекторска проверка (граматика и пропуштени букви). Во проверката на точноста, Сокербот користи до 5 различни извори за да го потврди секој факт во текстот.
Додека работи Сокербот, од Јонхап објавија дека разработуваат нов софтвер што ќе известува од Зимската Олимпијада 2018 која ќе се одржи во Јужна Кореја.