Како што механичките мускули (машинеријата) ги заменуваат човечките мускули, така и механичкиот мозок (програми, алгоритми) ќе почне да го заменува менталниот труд.
Разликата меѓу денешната ситуација и сите претходни индустриски револуции во текот на човештвото, е што до сега луѓето создаваа алатки кои зависат од нас за да завршат некоја работа, а денес почнаа да се создаваат интелигентни машини кои не се исклучиво за една работа, и кои самите учат што и како треба да сработат.
Што се однесува за коњите, автомобилите и луѓето:
"Нема економско правило кое вели: 'Подобрата технологија создава подобри работни места за коњите.' Ова е шокантно глупо дури и да се каже, ама замени го коњи со луѓе и одеднаш луѓето мислат дека ова е точна теорија," објаснува авторот на анализата "Humans need not apply."