"Таксистите ќе бидат заменети со автомобили кои сами возат, дроновите ќе ги исфрлат од игра луѓето кои се занимаваат со дистрибуција а дури и на сексуалните работнички им се заканува губење на работата со оглед на интересните напредоци во областа на сексуалните роботи" најави компјутерскиот научник Моше Варди на конференција во Вашингтон.
А на другиот крај на САД, во Калифорнија, Золтан Иштван го предизвика на претедателска дебата компјутерот на ИБМ кој веќе ги победи луѓето во играта Џепарди.
Предизвикот е повеќе од ПР приода со оглед на тоа што и самиот Золтан верува дека ако не денес, тогаш еден ден човекот навистина глатко ќе губи во вакви дебати.
"Историски гледано, еден од најголемите проблеми на лидерите е тоа што се себични цицачи. Вештачката интелигенција може да биде вистински алтруистична, отпорна на лобирања и тесни интереси или лични желби", вели Золтан во име на неговата Трансхуманистичка партија која проценува дека до 2028-ма година роботите ќе бидат подготвени за политички функции, вклучувајќи ја и претседателската.
На опасностите дека таа работа може да ни избега од контрола предупредуваат многу инстанци, меѓу кои и Илон Маск кој проценува дека "вештачката интелигенција ќе стане поопасна од нуклеарките" или Стивен Хокинг кој предупреди дека AI може да доведе до крај на човештвото.
Суштинскиот нејзин недостаток е што не поседува емпатија. Во моментов наголемо се работи и тој проблем да се реши софтверски.
На патот кон кандидатурата за претстедател е и еден правен детал од уставот на САД:
"No person except a natural-born citizen... shall be eligible to the office of president."
А и онака, луѓето кои го претставуваат компјутерот Вотсон рекоа дека тој во моментов има многу попаметни работи отколку да учествува во политичка дебата.