Нова поставка во лондонската галерија Тејт модерн вклучува просторија во која постојано се прска органско соединение кое стимулира „присилна емпатија“. Дајте веднаш увезете шлепер!
Имаше една наводно вистинска приказна за тоа како татко-богаташ го научил синот како треба да се однесува во бизнисот. Му рекол да скокне од високо, а дека тој ќе го дочека во раце. Потоа се тргнал на страна, а детето паднало и се повредило. „Го направив ова за твое добро. За во бизнисот да немаш доверба во никого, па ни во сопствениот татко“.
Ако себе се замислувате како креденец кого медитацијата треба да го искачи на втор спрат: таа може евентуално да ви помогне околу закачалките, за самиот креденец ќе треба малку поаргатска работа.
Работните места следните децении ќе бидат оние кои бараат емоционален, а не ментален труд. Во моментов тие се потценети и недоволно платени, но наскоро работите ќе се сменат.
Кој би можел да тврди дека ставањето во туѓа кожа, и согледувањето на работите од негова гледна точка, би можело да штети? Нели токму сочувството и емпатијата нè прават луѓе, а не себични ѕверови? Епа, не баш.
Човек предизвика на политичка дебата компјутер кој веќе има победувано луѓе на други полиња. Компјутерот го одби предизвикот бидејќи во моментов има попаметна работа отколку да дебатира.
По дефиниција, полу-живот (попрецизно период на полураспад) е времето потребно за една супстанца во процес на распаѓање да се намали за половина. Да речеме дека таа супстанца е емпатијата.
Европјани се шокираа од ужасот на очајните луѓе оставени на немилост на немирните морски води. Ќе речете, знаеме, не е тоа некоја нова вест. Точно дека не е нова, ама можеби не знаете колку е стара.
Без разлика дали се преговара за плата, попуст или решавање политичка криза, најновите сознанија велат дека еден од најефикасните методи во преговарањето е човек да си заплаче.
Психопатите ги замислуваме како Чарлс Менсон, како на чело да им пишува дека се психопати. А можат да бидат и наши пријатели. Разгледајте го своето друштво, ако баш нема ниеден кој е сомнителен, тогаш, како да ви кажеме....