Можете да си најдете дузина причини за медитација. Научни студии ја поврзуваат оваа древна практика со подобрено ментално и физичко здравје а некои велат дека му годи и на рационалното мислење.
Но, дали таа може да ве направи подобар човек? Една нова и педантна студија на таа тема вика: не баш.
Се работи за мета студија која одново ги проверувала врските и резултатите од постоечки студии за медитативните практики и посакуваните човечки квалитети.
„Популаризирањето на медитативните техники во секуларен формат нуди надеж за подобро јас и подобар свет. Но, наспроти високите очекувања, нашите анализи велат дека медитацијата може да има позитивен но доста ограничен ефект кој би ги правел луѓето помалку агресивни и со помалку предрасуди“, вели Уте Кеплин од еден Универзитет во Нов Зеланд, една од авторите на ова истражување кое е прво на таа тема кое е објавено во магазинот Scientific Reports.
Резултатите покажале дека медитативните интервенции имаат некаков ефект во доменот на сочувството и емпатијата но не и кај агресивноста, поврзаноста со другите и предрасудите. Уште полошо, на тема емпатија, резултатите за неа се поголеми во оние студии во кои истражувачите самите биле инструктори за медитација, што значи дека и несакајќи ги разубавувале резултатите.
Благодетите на медитирањето најчесто се поткрепуваат со позитивните аспекти на будизмот. Но, истражувачите потсетуваат дека во будуизмот, не медитацијата туку проучувањето на светите записи е главната алатка за себеспознавање, внатрешна трансформација и постигнување хармонија со себе и светот.
Види и: