Почина Кире Митрев - КИМ

По долго боледување, во минхенската болница „Марта Марија“ почина Кире Митрев. 

„Почина кратко време по молитвата што ја преведовме и благословот на пасторката од методистичката црква која има капела во болницата. Душата ја испушти опкружен со својот син Кристијан, неговата сопруга Силва, пасторката од црквата, докторот и сестрите. Внимателно слушаше додека ги преведувавме зборовите од оваа Божја жена, а потоа се предаде, како да ја чекал“, напишаа негови блиски.

Кире Митрев е роден во Битола во 1948 година, каде завршил основно и средно музико школо. Образованието го продолжил на Факултетот за музички уметности на Универзитетот во Белград, на Инструментален отсек – тромбон а специјализација на отсекот за аранжирање и тромбон, на Беркли во Бостон. Потоа се враќа и живее во Србија, каде, по препорака на Македонскиот национален совет, му беше доделена Национална пензија на Република Србија.

Беше композитор, аранжер, тромбонист, продуцент, лидер на бенд лидер и доцент на универзитет.

Со својата музика беше многу надвор и многу напред од времето во кое живееше па песните на овој наш Квинси Џонс кои се стари со децении и денес звучат свежо и преубаво.

„Треба да бидеш доследен кон себе и кон својата музика, дури и по цена на неуспех. Човек мора да верува во она што го прави за да успее. Да успее во креативна смисла, а не во слава.“
Кире Митрев

******

******

******

 

 

 

 

 

 

28 октомври 2025 - 13:39