Награда Конфучие
Кинеската влада официјално не стои зад оваа награда за првпат доделена во 2000 година како реакција на одлуката на Нобеловиот комитет наградата за мир да ја додели на кинескиот дисидент Лиу Ксиаобо. Претсeдавачот на кинескиот комитет објасни зошто Кина а не Европа треба да носи проценки за мирољубивост: "Европа е полна со мали државички кои меѓу себе се тепаат со векови". Најголем минатогодишен борец за светски мир, според Кинезите, беше Роберт Мугабе.
Награда Сукарно
Индонезискиот Центар Сукарно ја доделува својата награда за глобално државништво на истакнати поединци кои со личен пример се истакнале во борбата за мир. Меѓу нив е ќерката на основачот на модерен Мијанмар како и пар дечки од Северна Кореја. Кои? И двајцата. И Ким Ил Синг и Ким Јонг Ун се носители на наградата Сукарно. Мирот е во крвта на таа фамилија.
Руски орден за емпатија
Колку за пример, во 2014 година честа му припадна на чеченскиот лидер Рамзан Кадиров, познат по својата Инстаграм страст и верба во реални шоуа (види овде) како и по решителната политика кон бунтовниците во својата земја. Последната вест за овој емпатичен лик е дека го пуштил својот пред-пубертетски син во борби во кафези.
Награда Обианг
Теодоро Обианг на власт во Екваторијална Гвинеја е од 1979 година и на функцијата ќе остане доживотно. Едно од неговите постојани гајлиња е на што да ги троши парите од нафтата. Омилен начин му е давањето 3 милиони долари годишно за вонредни успеси во науките кои го истражуваат животот. Пред некоја УНЕСКО се најде под оган на многу страни откако прифати да биде покровител на оваа награда која ја дава човек кого политичките опоненти, меѓу другото, го обвинуваат и за канибализам.
Меѓународна награда за човекови права "Гадафи"
Перверзен е и самиот факт дека награда за човекови права носи име на човек кого го утепаа како куче. Но, наградата постои и по смртта на некогашниот либиски лидер. Последен нејзин носител е турскиот претседател. На Едроган мора да му е бар малку незгодно од асоцијациите.