Видео убод од комарец

Му се витка тоа сурлата на гадот. А тоа е ваљда добро за нас, за да не нè боде сто пати додека најде крвен сад за да нè цица. Сè на сè, гад.

Видеата ги снимиле од Пастеровиот институт во Париз. Микроскоп, комарец и анестетизиран глушец. Ако ви е малку гадно, мислете дека е цевка која тегне кока кола низ коцки мраз.

И овие од Пастер биле изненадени колку може да се витка цицалката (хипофаринкс и лабрум, молим лепо), барајќи крвен сад. Во 50 посто случаи не наоѓаат ништо па бодат пак. Кога ќе најдат цевка, тоа изгледа вака:

 

 

 

8 август 2013 - 22:02