Сочувството се тренира

Способноста емотивно да се ставиме во туѓа кожа не е константа туку вештина која може да се увежбува, тврдат научници.

Следејќи на мозочната активност и однесувањето на учесниците во експериментот, психолози од Висконсин утврдиле дека алтруизмот кај луѓето можат да се вежба и учи.

Нивниот курс по емпатија водел кон зголемена ангажираност на централниот нервен систем што предизвикува повисоки нивоа на алтруистичко однесување.

Тренингот траел 2 недели со по 30 минутни аудио инструкции за култивирање сочувство кон различни таргети: сакана личност, странец, проблематичен човек... Па на почеток и на крај на курсот им покажувале фотографии од жртви или расплакани деца.... Па на крај имало тестирање и со пари, кој колку е спремен да одвои за човек во невоља....

Се на се, заклучок е дека луѓето можат да вежбаат емотивно да одат во туѓи чевли. Претходно, зголемена мозочна активност со помош на медитација е утврдена само кај долгогодишни будистички свештеници.

30 мај 2013 - 10:14