Наводно Мелинда е длабоко загрижена околу Епстин, и таа го предупредува Бил околу педофилот уште по една нивна средба во 2013.
Бил има летано со приватниот авион на Епстин, познат како „Лолита експрес“, и продолжил да контактира со него дури и откако Мелинда му ги кажала своите стравови. Тоа што е дополнително проблематично во конекцијата меѓу Бил и Епстин, е што таа почнува дури откако вториов беше обвинет за сексуални злодела.
Кога врските меѓу Бил и Епстин стануваат тема на сторија на Њујорк тајмс во октомври 2019, Мелинда почнува да разговара со повеќе адвокати за развод.
Парот официјално се разведе минатиот понеделник откако претходно ги договорија сите услови за разделбата, вклучително парите и имотот.
Тие не дадоа никаква причина за разводот, а Мелинда во документите има наведено дека нивната заедница била „неповратно нарушена“.
Бил Гејтс претходно изјави дека немал никаква бизнис врска, ниту бил пријател со Епстин, а контактот со него го нарече „погрешна процена.“
„Направив погрешна процена и мислев дека тие разговори ќе доведат, буквално, до милијарди долари кои ќе завршат во глобалното здравство. Излезе дека тоа беше погрешна процена,“ изјавил Гејтс за време на една конференција во 2019.