Европскиот шампион од Ливерпул не верува во корона и му пишува на Бил Гејтс

Хрватот Дејан Ловрен ја продолжи спортската традиција која ја започна Новак Ѓоковиќ и имаше нестандарден јавен испад за коронавирусот.

Ловрен често знаеше да биде во центарот на вниманието, најчесто по очајните партии во дресот на Ливерпул чии навивачи го критикуваа. Неретко се појавуваа и контроверзни видеа од начинот на кој стоперот ги прославуваше победите во дресот на Хрватска.

Овој фудбалер, роден во Зеница (БиХ) сега отиде чекор понатаму и јавно покажува дека силно верува во теории на заговор.

Пред пар недели Дејан Ловрен на Инстаграм го поддржал хрватскиот млад политичар и еден од водечките анти-ваксери и поборници на теоријата на заговор, Иван Пернар, кој на својот Инстаграм профил објавил меме со Бил Гејтс како држи шприц во рака:

Во прилог на ова меме со Гејтс, Пернар искоментирал дека тој е секогаш за слободата на избор и против тоа вакцинирањето да биде задолжително. „Затоа сум им трн во око на сите овие мејнстрим медиуми и нивните спонзори“.

Ловрен му ставил емоџи „да пукне“ и му го лајкнал постот.

Ама поинтересното дошло подоцна.

Бил Гејтс, кој е главна мета на сите теории на заговор во врска со коронавирусот, на својот инстаграм профил објавил пост во знак на поддршка на лекарите:

„Благодарност до сите медицински работници, кои вложуваат херојски напори за тестирање и лекување на пациентите во САД и цел свет“.

Во коментар долу му влетал европскиот шампион со Ливерпул: „Game over Bill. People are not blind! (Играта е готова Бил. Луѓето не се слепи).

Теоријата на заговор за наводна вмешаност на Гејтс во пандемијата со Ковид-19 со цел задолжително вакцинирање е најпопуларна теорија на заговор во светот, согласно истражувањето на аналитичката компанија Zignal Labs.

Покрај теоријата за вакцини на Гејтс, популарна е и теоријата на заговор за влијанието на 5G.

А сè започна од една претходна објава на Твитер, според која наводно основачот на Мајкрософт знаел за пандемијата уште порано, затоа што институтот кој го спонзорираат Бил Гејтс и жена му Мелинда, работи на патентирање вакцини па оттука и наводната поврзаност.

Теоријата уште повеќе се разгоре кога се реобјави едно видео од 2015-та на кое Гејст зборува за Еболата и вели дека светот не бил спремен за Ебола и дека наместо огромни пари во вооружавање треба да биде во медицина, затоа што следниот вирус може да биде далеку посериозен.

Да се вратиме кај Ловрен

Хрватот упорно продолжува да го негира постоењето на коронавирусот на своите профили. Тој неодамна објавил стори со линк до интервју со Дејвид Ајк (68), најголемиот поборник на теории на заговор на светот.

Ловрен објавил уште еден поборник на теориите на заговор - новинарот Брајан Роуз кој го води проектот London Real во кој собира интервјуа и статии во кои се побива постоењето на коронавирус.

Дејвид Ајк е пензионер кој во англиското јазично подрачје важи за најагресивен конспиролог.

Пред извесно време Јутјуб ги забранил неговите видеа и канали.

Ловрен го поддржува (пак преку сторис) и докторот Рашид Бутар. Овој пакистански доктор од САД исто така негира опасност од короанвирус. Бутар по специјалност е остеопат и познат е по тоа што користи несекојдневни алтернативни методи и терапии во лекување на многу заболувања меѓу кои и аутизам и онкологија.

Доктор Бутар бил убеден дека коронавирусот потекнува од лабораторија. Тој тврдел дека кинески доктор од Вухан, финансиран од САД, создал вирус како еден вид државно биолошко оружје.

Во својот платен „пакет на информации“ кои ги продава по 450 долари, Бутар тера своја правдина. Тој ја поддржал и теоријата за 5G.

Дејан Ловрен одвреме-навреме споделува видеа од доктор Бутар којшто на Јутјуб има 250.000 следбеници и речиси милион прегледи.

Фудбалскиот клуб Ливерпул сè уште не ја коментирал љубовта на Ловрен кон конспирологија а нема ниту некоја реакција од докторите, како во случајот со Новак Ѓоковиќ кој откако изјави дека тој лично не би сакал вакцина против Ковид-19 да биде задолжителна при патувањата.

ЛОВРЕН РАСКАЖА ЗА БЕГАЛСКИОТ ЖИВОТ ОД ВОЈНАТА

4 мај 2020 - 11:46