Со голот на Тин Једвај во 93-та минута, Хрватска ја урна Шпанија со резултат 3:2 и скроз им ги расипа сметките во Лига на Нации, бидејќи кој ќе победи во последното коло на мечот Хрватска - Англија завршува прв во група. Дејан Ловрен по мечот се јави од соблекувална и во моменти на еуфорија прво му се обрати на Рамос со кој се препукуваат преку медиуми, а во еден момент упати и сочна пцовка, ама тивка која сепак се слушна.