Поради тоа што е на удар на навивачите на Динамо Загреб, но и на оние од Далмација, денес пред судот во Осијек (наводно не се суди во Загреб поради основано сомневање дека Мамиќ би можел да влијае врз некои судии таму), имало многу полицајци.
Иако секогаш имало засилени безбедносни мерки кога Мамиќ доаѓа на судење, денес имало невообичаено многу припадници на хрватското МВР. На Мамиќ му се суди поради големи неправилности и незаконски работи во трансферите на неколку фудбалери меѓу кои и Лука Модриќ и Дејан Ловрен.
Меѓу 227 документи коишто Мамиќ ги донел во папки спремни во хартиени кеси со грбот на Динамо Загреб, се нашол и лист на кој имало наслов „Ловрен искази и прашања“. Како што соопштиле од судот, во листот пишувало „Ако УСКОК те праша тоа и тоа, ти...“ со напишани одговори.
Судот потврдил дека одговорите во тој документ на големо се поклопуваат со исказот на Ловрен во септември минатата година.
Против Дејан Ловрен, фудбалерот на Ливерпул кој ќе игра финале на Лига на шампиони против Реал Мадрид претходно е отворена истрага поради сомнеж за лажно сведочење на 1. септември во осиечкиот суд.
Обвиение за лажно сведочење веќе е подигнато против Лука Модриќ кој исто би требало да настапи на финалето на Лига на шампиони, а кој лани даде исказ во кој го бранеше Здравко Мамиќ.