Астронаутот Тим Пик свртел погрешен број јавувајќи се од Меѓународната Вселенска Станица. Му дигнала некоја жена која ја прашал дали е тоа планетата Земја.
Подоцна преку Твитер ѝ се извини на непозната жена објаснувајќи и дека не било тоа ремет.
43 годишниот поранешен мајор во британската армија стигна во станицата на 15 декември и таму ќе остане 6 месеци исполнувајќи експерименти и други задачи.
Тоа е прв Британец кој станува член на Меѓународната вселенска станица и неделава им помагал на двајца колеги од НАСА да излезат надвор и да извршат некои поправки.
Првата Британка во вселената, Хелен Шерман, замина таму во 1991 година посетувајќи ја руската станица Мир.
Пик е татко на две деца и во својата мисија замина од Бајконур во Казахстан.